МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Би бил пресреќен ако камерите на улиците проработат во јануари следната година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се надева дека идната година ќе има конечна примена на проектот „Сејф сити“ и очекува тоа да придонесе до намалување на бројот на жртви на сообраќајни незгоди.

Advertisements

„Ќе треба да се направат одредени законски измени, ќе треба да се утврдат сите оние чекори што ќе се преземат во иднина за на крајот да имаме систем со кој оној што управува моторно возило спротивно на закон да биде казнет. А, притоа секој еден што ќе се огреши да биде казнет исклучувајќи го човечкиот фактор во рамки на целокупната постапка од аспект на носење на одлука дали треба или не треба да биде казнет“, рече Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања.

Тошковски вели дека би бил пресреќен ако финалната имплементација на „Сејф сити“ биде во јануари идната година.

„Јас би бил пресреќен да биде во јануари, но и со декември ќе бидам задоволен“, рече Тошковски.

Министерот потврдува дека сè уште нема целосна покриеност со камери на подрачјето на Град Скопје, но најавува дека во периодот што следува ќе се имплементира она што е договорено и е испланирано од претходно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button