ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски: Добив допис, ЕУ нема да прави проблем за патување со пасоши со старото уставно име

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека денеска добил допис од Брисел дека Европската Унија нема да прави проблем доколку граѓани на Република Северна Македонија треба да патуваат со пасоши со старото уставно име.

Тошковски, во гостувањето утринава во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ги повика повторно пратениците во Собранието да поддржат и измени за продолжување на рокот на важност на патните исправи.

-Денеска добив на писмено информација каде комитетот за патни исправи на Европската комисија одржал состанок, ми беше најавено од белгискиот амбасадор. Ќе имаат разбирање за проблемот и ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани. Нашите граѓани кои се надвор од Македонија, 70.000 се со старото име во Германија, тоа го имаат Германците како податоци, ние го немаме. Тие без проблем ќе може да отидат во Унгарија и Чешка, но нема да можат да излезат од Македонија ако дојдат дома. Европскиот комитет дава мислење до земјите да имаат разбирање. А ние што правиме – само Македонија, освен Грција, ќе крши основно човеково право на слобода и движење, заради тоа што пратениците од владеачката структура – од СДСМ и ДУИ, не сакаат да стиснат едно копче, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button