ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од Груби

Тошковски: Добро е што ДУИ се огради од Груби

Министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски го повика Артан Груби да се врати и да се соочи со правдата, доколку е сигурен дека е чист како солза. Тошкоски не сака да шпекулира каде се наоѓа Груби, но е задоволен што граничниот полицаец кој го пушти Груби да ја помине границата на Блаца е суспендиран и казнет. Тој ја поздрави одлуката на ДУИ да се огради од Груби и ги повика да се оградат од, како што велат, сите потенцијални криминалци.

Advertisements

Во меѓувреме, ДУИ продолжува да ја повикува Владата да се огради од олигарсите кои, како што велат, ја поробиле државата. Прашуваат кои олигарси ги поддржува Владата и чии интереси стојат зад нивниот молк.

“Токму тие се виновни за продлабочувањето на економската и социјалната неправда, како и за создавање на систем кој им служи само на нив, за сметка на иднината на сите други. Ревизијата на процесот на приватизација е незаменлива. Ова не е само барање туку и обврска кон граѓаните кои со години се жртви на нефер и коруптивни дејствија што ја доведоа нашата економија до ваква состојба”, велат од ДУИ.

Од ДУИ бараат и да се донесе законот за рестриктивни мерки со кој се предвидува против лицата кои се ставенио на црната листа на САД ./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button