ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски ја оценува состојбата во затворите: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија

Тошковски ја оценува состојбата во затворите: Ова што се случува во затворите е срам за Македонија

Ова што се случува во затворите е срам за Македонија. Вака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оценува состојбата во затворите. Во текот на денот во затворот Идризово престојуваше директорот за извршување санкции, Александар Пандов. Неговата посета доаѓа по вонредната посета што ја направи во истражниот затвор во Шутка, каде што беше констатирано отсуство на затвореници, нивна систематизација спротивно на законот и сомнежи за деловни интереси во казнено-поправниот дом.

Advertisements

По констатираните неправилности од Управата за извршување на санкции во работењето на затворот во шутка, разрешен е директорот, Филип Андов. На негово место назначен е Бобан Утковски,поранешен полициски генерал,за в.д. директор.

Затворот Идризово е институцијата со најсурови услови во државата. Ова беше наведено и во неколку извештаи на Народниот правобранител, но властите не презедоа ништо во врска со ова. Неколку пати полицијата упаднала во различни одделенија, а меѓу уапсените за случајот „Дива Населба“, пронашла стотина мобилни телефони и ладно оружје, а во март 2023 година откриен е тунел за бегство.Вкупниот број на лица кои ја отслужуваат казната затвор е 1311, а капацитетот на е затворот е 1187 затвореници. Од нив 110 избегале, а 17 го користат правото што го нуди Законот за извршување на санкциите да работат додека ја издржуваат затворската казна.

Извештаите и записниците од состојбата во затворите ќе бидат испратени до Владата, полицијата и обвинителството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button