Тошковски: Ќе има интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција

Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста поврзани со организиран криминал и висока корупција. Претпоставувам дека ќе следат поголем број на случаи кои се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата која ни е дадена од нашите меѓународни партнери, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Нагласи дека постојат огромен број на докази во рамки на доказниот материјал прибавен преку оваа апликација којшто се анализира од страна на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.
– Станува збор за огромен број на докази поврзани со конкретни кривични дела. Овој конкретен случај е поврзан со двајца полициски службеници во периодот кога ги сториле кривичните дела за кои се товарат. Тие денеска не се повеќе полициски службеници, изјави Тошковски.