ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски: Со системот „Сејф сити“ ќе се казнуваат и непрописно паркирани возила

Во проектот „Безбеден град“ (Safe city) се предвидува, покрај фиксните камери на крстосниците да се воведат и возила со камери, кои ќе мапираат каде сѐ има паркирани или оставени возила, на сообраќајни ленти, велосипедски патеки, тротоари и зелени површини.

Advertisements

– Дел од имплементацијата на „Сејф сити“ ќе бидат и возила кои ќе бидат опремени со паметни камери и при движење на сообраќајници ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила, по што тие ќе бидат процесирани во системот на обработка на податоци, рече Тошковски.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски повтори дека системот треба да профункционира од 1.1.2026 година, со тоа што и во месеците претходно, до возачите ќе стигнуваат пораки дека направиле некој прекршок.

– Во наредните месец дена ќе се работи интензивно на целокупната легислатива и до крајот на месец март ќе ја имаме првата верзија на сите закони кои треба да влезат во владина процедура, а до крајот на април во собраниска процедура.

Неколку месеци граѓаните прво ќе добиваат пораки со предупредување, а од 1.1.2026 ќе ги овозможиме законските услови тоа да биде онака како што треба, истакна Тошковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button