ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски вели дека МВР постапувало согласно судската одлука, околу издавањето на пасошот на Јахоски

Тошковски вели дека МВР постапувало согласно судската одлука, околу издавањето на пасошот на Јахоски

Издавањето на пасошот по брза постапка на сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски од страна на Министерството за внатрешни работи е направено по наредба на надлежниот суд – ова го порача денеска првиот човек на полицијата Панче Тошковски, префрлајќи ја топката на Апелација која донесе одлука на Јахоски привремено да му биде вратен пасошот назад. Јавноста реагираше зошто на Јахоски, инаку осомничен за сомнителни набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, му е вратен пасошот назад, а Тошковски вели дека на тоа прашање треба да одговори судот.

Advertisements

„Мислам дека суштината прашањето во овој случај треба да биде како е донесена одлука од судот да се врати предметната исправа, а не зошто МВР постапило согласно одлука на судот. МВР не може да постапи поинаку, ниту сега, ниту претходно, ниту пак во иднина ќе постапиме спротивно на одлука на јавен обвинител или на одлука донесена од надлежен суд„, рече Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Од Апелација се правдаа дека на Јахоски му е издаден времен пасош по предлог на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, како и по мислење на вишото јавно обвинителство да се уважи жалбата на обвинетиот и да му се издаде времена патна мерка. Јавноста пак доказна дека Јахоски има времен пасош откако негов роднина објави на социјалните мрежи слики од Јахоски во Истанбул на прослава за дипломирање на член од неговото семејство. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро го критикуваа судот поради одлуката да му биде вратен пасошот и повикаа судијата кој ја донел одлуката да биде разрешен. Како што е познато во јавноста пак, Јахоски излезе од притвор со гаранција од 2 милиони евра. Сопственикот на Пуцко Петрол е осомничен во случајот со набавка на мазут со сомнително потекло за потребите на ТЕЦ Неготино во кој проценетата штета на буџетот изнесува 167 милиони евра./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button