ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски: Власта подготвува сценарија за поткопување на изборниот процес

Тошковски: Власта подготвува сценарија за поткопување на изборниот процес

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека одлуката на Владата да не дозволи смена на првиот човек на СВР Тетово е показател дека власта подготвува сценарија за поткопување на изборниот процес. Според него, обвинувањата за руски сценарија кон опозицијата всушност ја замаглуваат јавноста за покривање на акциите што ги планираат преку кадровска блокада и систематски решенија во Владата. Тошковски рече дека ниту тој ниту техничкиот заменик министер не предложиле конкретно име во Владата за началник на полиција во Тетово, туку едноставно го побарале како функција за која подоцна ќе предложат конкретно име.

За Тошковски останува бесмислено како месец и половина пред неговото доаѓање на чело на МВР, лицето кое во моментов е на чело на СВР Тетово напуштил повисока функција во полицијата и сега е поставен за началник. Според него, регионот на Тетово и Гостивар ќе биде полн со полиција на денот на изборите за да се спречи евентуална злоупотреба од власта.

Управниот суд во среда ги врати сите одлуки на Тошковски за кои Владата одлучи да ги укине. Две од трите одлуги што извршниот орган му ги укина на Тошковски се однесуваат на систематизација во МВР и за интерен конкурс ./Алсат.мк

Адриан Керими

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button