ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тошковски за патувањето на Гаши во Косово: Планот за патување е уредно најавен, не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во врска со настанот поврзан со патувањето во Косово на претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираше дека планот за патување на Гаши е уредно најавен, но посочи оти е констатирано дека не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници.

Advertisements

-Во врска со настанот поврзан со патувањето во Косово на претседателот на Собранието Африм Гаши, Министерството за внатрешни работи во последните три дена изврши интензивни проверки кои вклучуваат преглед на камерите на граничниот премин Блаце, увид во евиденција на системот за контрола на патници и возила и евиденција во книгите на настани и процедури на граничниот премин, објави Тошковски на својата Фејсбук страница.

Како што потенцираше, утврдено е дека планот за патување на претседателот Гаши е уредно најавен и заведен во евидентните книги по претходно известување од Министерството за надворешни работи од 16 август оваа година. Во известувањето покрај претседателот на Собрание, опфатени се и членовите на неговото семејство, членови на обезбедувањето и три полициски службени возила.

Тој појаснува дека граничниот премин на 18 август во период од 18:40 часот до 18:42 часот го поминале шест возила под полициска придружба од кои три полициски и едно ВИП возило.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button