ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тотален хаос пред шалтерите на МВР за нови документи

„За инвалидите, мора да биде посебно, за жени со деца, за болни. Со лекарски документ јас сум инвалид, не можам да стојам таму. Нема правда во оваа земја, треба да ги испратат личните карти во секоја општина“, реагираат граѓаните.

Advertisements

Вака според Рамадан Металари, треба да се реши хаосот пред шалтерите на МВР. Иако лице со посени потреби и во години, вели дека од рано наутро патувал со автобус и стигнал прв пред шалтерите за да си ја подигне личната карта со новото име на државата. Претходно доаѓал неколку пати, но не успевал да заврши работа.

„Рекоа новата лична карта мора да ја земеме бидејќи ќе бидеме казнети. Ако не, тогаш нема да можеш да ја земеш платата, не можам да одам и да земам пензија. Сите документи треба да бидат со име Северна Македонија, не ги знам политиките на овие луѓе. А, денеска се враќате без лична карта? Да, да и не доаѓам веќе. Зошто да доаѓам? Чекам два месеци. Сè уште немам лична карта. Еве го документот со кој аплицирав“, велат граѓаните.

И додека Рамадан си замина без лична карта, друг граѓанин чекаше ред за пасош. Ќе го добие само на македонски откако му било кажано дека нема веќе двојазични примероци.

„Доаѓаме по втор пат по пасош бидејќи пред една недела ги дадовме документите и по брза постапка ја извршивме исплатата и кога отидовме да ги земеме, нè вратија. Ни рекоа дека нема двојазичен пасош. Решивме документот да го земеме само на еден јазик, само на македонски бидејќи морам да патувам“, додаваат граѓаните.

Побаравме одговор од МВР дали недостасуваат двојазични пасоши и кога ќе се реши овој проблем? Но, оттаму сè уште немаме одговор.

Во меѓувреме, премиерот Ковачевски, вели дека за евентуалната одлука за продолжување на рокот за промена на личните документи, ќе се очекува епилогот од разговорот меѓу претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Грција. Дотогаш 12 февруари останува краен рок за промена на личните документи.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button