Тоти, официјаллно лице на „Комодита хоме“

Еден од најголемите и најверните фудбалери во светот снима уникатна реклама за познат регионален бренд. Со овој проект, кој се смета за историски и меѓу најголемите досега на Балканот, Тоти официјално стана заштитно лице на Комодита хоме.
„Знам дека Комодита хоме е една од најголемите компании во светот. За мене да се биде дел од овој проект значи многу, мислам дека заедно можеме да направиме многу убави и уникатни работи“, вели Тоти.
Поранешниот репрезентативец на Италија рече дека соработката со Комодита, ќе биде убаво патување кое ќе живее уште долго. Официјално е потврдено дека преку 50.000 душеци ќе го имаат печатот и потписот на Тоти.
„Ваквите соработки имаат добар ефект за промоција на земјата на глобално ниво, и информирање на светот за квалитетот на производството што можеме да го понудиме“, вели Ерол Шаби, извршен директор на Комодита хоме.
Шаби се надева дека проектот со Тоти, ќе биде инспирација за други соработки од ваков калибар во иднина.
Алсат