ВЕСТИРЕГИОН

Товарен вагон со фосфорна киселина излетал од шините кај Заечар

На пругата Прахово-Заечар-Књажевац-Ниш, кај селото Вратарница, синоќа половина час по полноќ се превртела цистерна што превезувала фосфорна киселина, јавува Данас.рс. Од 12 вагони, еден излетал од шините.

Advertisements

Возот сообраќал од пристаништето Прахово кон Шабац и превезувал фосфорна киселина за потребите на фабриката „Еликсир Зорка“.

Портпаролот на заечарската полиција Александар Богојевиќ, изјави дека немало излевање киселина од цистерната, ниту дека постои опасност тоа да се случи.

„Луѓето да не се грижат, ситуацијата не е како во Пирот“, посочува Богојевиќ.

Нешто пред девет часот наутро од Ниш пристигнала екипа која моментално ги вади цистерните од пругата.

Полицијата и пожарникарите се на терен, а пристапот до вагоните е забранет.

Пред неколку дена, товарен воз со амонијак се преврте на пругата во близина на Пирот. амонијакот истече, а над 50 лица беа хоспитализирани со симптоми на труење.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button