СПОРТФУДБАЛ

Trабзонспор го продава Барди, Торино има понуда од 3 млн евра

Енис Барди се наоѓа на излезна врата од Трабзонспор откако поранешниот турски првак одлучи да не му понуди нов договор на нашиот репрезентативец. Барди е под договор со Трабзон и за наредната сезона, но откако сериозен интерес покажа калчолигашот Торино раководството на Трабзон одлучи да седне на маса и да го продаде капитенот на македонскиот национален тим.

Турскиот клуб пред две години плати три милиони евра за да го ангажира Барди од редовите на Леванте. Понудата на Торино изнесува токму три милиони евра, па Турците решија да си ја вратат инвестицијата наместо да инвестираат во нов договор на нашиот играч за врска, кој беше меѓу најдобрите поединци во дресот на Трабзонспор минатата година.

Барди неодамна изјави дека останувањето во Трабзон била одлична одлука и дека е горд на формата во вториот дел од ланската сезона. Сепак, доколку клубот остане да ставот да не му понуди нов договор, за очекување е да биде извршен притисок за Барди што поскоро да си замине и да не се ризикува тој да остане уште една година во Трабзонспор, а пота без никаква отштета да ги смени клупските бои./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button