ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Традицијата продолжи: Во Охрид одбележан Денот на рибарите

Традицијата продолжи: Во Охрид одбележан Денот на рибарите

Чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид, продолжуваат на 20-ти јануари на Денот на рибарите. Денот на рибарите е вековна традиција во Охрид, која порано, во времето кога било забрането фрлање на светиот крст за Богојавление – Водици, била искористена и за осветување на езерските води. Охриѓани за да го прикријат фрлањето на светиот крст, тоа го правеле во раните утрински часови на Свети Јован Крстител, денот кога рибарите го означувале почетокот на риболов на Охридската пастрмка.

Advertisements

Со греана ракија, пржена плашица, зимско капење и многу музика во Охрид денес се одбележа Денот на рибарите, кој е се слави еднинствено во Охрид и никаде на друго место во светот. На овој ден официјално се означува почетокот на риболовната сезона, нешто што во минатото се почитувало, за разлика од денес, кога царува рибокрадството, а во услови кога во езерото има се помалку риба.

„На овој ден како денес, завршувала забраната за лов на патрмката, бидјеки во овој период се мрести во езерото.Кога ќе завршил татиљот, односно збраната,по првото фаќање на риби влегувале во вода да се капат, бидејки во тоа време забранувале верски обичаи“, рече Љупчо Маслов-рибар.

„Порано имаш многу риба, но сега, јас дваесет години сум во пензиа нема риба.Кое е најголемото парче риба кое сте го уловиле? Седум-осум килограми.По колку кила риба фаќавте на едно ловење?Некогаш по 80, килограми, 90, 100 или 150 килограми.Имаше колку сакаш, а и ефтина беше“, рече Стефан Рупев –рибар.
Имше не само охриѓани, туку и туристи од други градови, па и странство.

„Прв пат сум оваа година за Богојвление во Охрид.Амбиентот е прекрасен, луѓето се сите весели.Сите се познаваат и се поздравуваат едни со други.И тоа за денешни услови е прекрасно“, рече една туристка .

„Амбиентот е прекрасен, чекаме да слушниме некоја охридска група, која пее охридски староградски песни.Се служи топла ракија. Но е убаво доживувње“, додаде друг турист.

„Сега има само грунци и плашици, тешко е за риба.Се е забрането.Имаше се мрестеа, имаше рибрници, концеионери, а сега не знаеме ни кои се концесионери“, изјави жител на Охрид.
До пред ковид пандемијата на овој ден, во голем казан се вареше и рибна чорба, а се скокаше и по буре со црвено вино./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button