ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трагачи по злато ги уништуваат ѕидините на Тетовското кале

Додека во другите градови како Скопје, Охрид и други градското кале е туристичка атракција и убава знаменитост како за домашните, така и за странските посетителите, во градот Тетово калето иако има историја и посебна тежина за градот, тоа не е ништо друго освен куп камења или руина уништена од времето и на некои места дури и депонија која се полни од ден на ден. Сето тоа, поради негрижа и на централната и на локалната власт.

Advertisements

Патот кој води до калето не е допрен уште од времето на комунизмот, а внатрешноста на тврдината нема осветлување, нема инфраструктура и поради крадците ѕидините сè повеќе исчезнуваат. Министерката за култура вели дека калето е во надлежност на општината.

Но, од општина Тетово велат дека калето е национален објект и е под заштита на Министерството за култура. Бараат дозвола од надлежните институции да ѝ дозволат на општината да го реализира проектот што го има за калето.

„Тетовското кале е објект од национален интерес и е под заштита на Министерството за култура, а исто така од нашите информации, целиот имот во рамките на ѕидините на калето е во сопственост на Македонската православна црква, така што сите можности на општината се за интервенција надвор од калето. Сè што има врска внатре во тврдината без одобрение од Министерството за култура, Центарот за конзервација и Православната црква, општина Тетово нема никаква надлежност и покрај нашиот интерес за средување на тој дел. Секако дека во иднина имаме план да го поправиме патот што води до калето, како и просторот околу калето, а доколку имаме разбирање од институциите што ги споменав, заинтересирани сме да го поправиме и делот внатре во Тетовското кале”, рече Касами.

Најголемите уништувања на ѕидините изминативе години доаѓаат од диви трагачи по злато кои ги уништуваат ѕидините надевајќи се дека ќе најдат скриено богатство.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button