Трагедијата во Бугарија, најтешка автобуска несреќа во Европа во последната деценија!

Денешната автобуска несреќа во Бугарија, во која загинаа најмалку 46 лица, е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија. Вака АФП (Франс прес) ја коментира трагедијата што рано утрово се случи на територијата на Бугаријa.
• 2021: Катастрофа во Бугарија
Најмалку 45 жртви, меѓу кои 12 малолетници, загинаа кога рано утринава во Бугарија се запали автобус кој сообраќал од Истанбул за главниот град на северна Македонија, Скопје.
Денешната несреќа се случи на дел од автопатот со стрмни падини и без јасни разделни линии, каде што во минатото се случиле многу сообраќајни несреќи, вели Дијана Русинова од невладина организација за безбедност на патиштата, која во минатото се жалела на властите.
• 2019: Португалија и Русија
Португалија: 29 германски туристи загинаа кога нивниот автобус излетал од патот кон ресторан на планинскиот остров Мадеира на 18 април.
Русија: Автобус падна од мост во замрзната река во Сибир на 1 декември, при што загинаа 19 лица.
• 2018: Турција и Бугарија
Турција: 17 мигранти прошверцувани низ Турција загинаа, а 36 беа повредени кога нивниот автобус се запали откако удри во столб на 29-ти март во близина на Карс на истокот од земјата.
Бугарија: Дваесет аџии загинаа откако нивниот автобус се преврте за време на силен дожд северно од Софија за време на патување во православен манастир на 25-ти август.
• 2017: Несреќи во Германија, Италија и Русија
Германија: 18 возрасни туристи од Саксонија загинаа кога нивниот туристички автобус се запали по судир со камион во Баварија на 3 јули.
Италија: 16 лица – главно унгарски тинејџери кои се враќаа од скијање во Франција – загинаа на 21-ви јануари кога нивниот автобус се запали по несреќа во близина на северниот град Верона.
Русија: 16 лица загинаа кога воз удри во расипан автобус со претежно узбекистански патници на железнички премин источно од Москва на 6-ти октомври.
• 2015: Франција
Во до денеска најтешката сообраќајна несреќа во последните три децении, 43 лица загинаа кога автобус на пензионерски клуб се судри со камион и се запали во близина на Пузеген во југозападниот дел на земјата на 23 октомври.
• 2014: Експлозија на цистерна
Турција: Цистерна што превезуваше течен нафтен гас (ТНГ) се преврте и експлодираше на автопат во југоисточниот дел на земјата на 22-ри јули, при што загинаа 26 лица во два автобуса што минуваа, зафатени во пламен.
Уште 21 лице загина во централна Турција на 23-ти јануари кога нивниот автобус се преврте на замрзнатиот пат во текот на ноќта.
• 2012: Загинаа 22 деца
Швајцарија: 28 лица, меѓу кои 22 деца, загинаа во несреќа во Сиера, јужна Швајцарија, додека се враќале во Белгија од скијачки одмор на 13 март.
• 2011 година: Загинаа студенти во Турција
25 лица, главно студенти, загинаа кога камион натоварен со цигли се судри со автобус во близина на Салат, село во југоисточната провинција Дијарбекир, на 21 декември.
#BREAKING 45 people killed in bus accident in Bulgaria, police say pic.twitter.com/Qmy2PDHGXz
— AFP News Agency (@AFP) November 23, 2021