
Косовскиот премиер Албин Курти на прес-конференцијата покажа што е пронајдено на местото каде српските сили ги киднапирале тројцата полицајци.
Курти рече дека киднапирањето се случило длабоко на територијата на Косово.
„Не се работи за апсење во Србија, туку за киднапирање на Косово и не се работи за никакво преминување на косовската полиција на територијата на Србија, како што се тврди“, рече Курти.
Премиерот нагласи дека на местото на настанот пристигнале КФОР и косовската полиција.
„КФОР и КП биле на местото на инцидентот, а биле пронајдени и траги од чизми во правец кон Србија, пластични лисици. Она што и понатаму ме зачудува е тоа што КФОР сè уште официјално не објаснува каде е ова место, а ова место е на Косово. И возилото и храната што ја јаделе полицајците, се е на територијата на Косово“, изјави Курти.
Српската полиција уапси тројца косовски специјалци, за кои тврди дека биле вооружени со автоматски пушки, во полна борбена опрема, со уреди за локации и мапи. Според тврдењата на Србија уапсените го преминале административниот премин и биле навлезени на српска територија. Но, од косовската полиција известувааат дека полицајците се киднапирани, откако биле на должност и ја известиле базата дека забележале вооружени и маскирани лица на граничниот премин. На местото на настанот, пристигнале дополнителните единици на косовската полиција, пронашле само службен автомобил, но не и полицајци. /Makfax