Трајанов: Нема потреба за проширување на мнозинството
Трајанов: Нема потреба за проширување на мнозинството

Вечерва на „Патот кон“, во Алсат М, со новинарката Фатлуме Дервиши, во првиот дел од емисијата поканет беше претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов, додека во вториот дел од емисијата беа поканети економистот Висар Адеми и комуникологот Бојан Кордалов да го кажат своето мислење за последните политички случувања.
Претседателот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов на прашањето за евентуалното проширување на парламентарното мнозинство, оценува дека нема потреба да се проширува парламентарното мнозинство, бидејќи 64 пратеници се стабилно мнозинство.
„Оценувам дека нема потреба од проширување на парламентарното мнозинство, бидејќи 64 пратеници се стабилно мнозинство“, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократски Сојуз.
Што се однесува до прашањето за вклучување на АА во владата, Трајанов смета де дека тоа би можело да биде идеја на Али Ахмети, за амортизација на „огнената група“.
„Сметам дека идејата за проширување на мнозинството со вклучување на АА е на Али Ахмет за да се амортизира кризата во партијата. Таа идеја е прифатена, претпоставувам и од премиерот Ковачевски”, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократски Сојуз./Алсат.мк