ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трајанов: Вториот круг од претседателските и парламентарни избори да се одржи во ист ден

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов на денешната лидерска средба посочил дека  вториот круг од претседателските и парламентарните избори треба да се одржат во ист ден и побарал измени на Изборниот законик со кој се предлага само една изборна единица. Трајанов предложил овој состав на Владата да продолжи со работа до парламентарните избори.

Advertisements

-Техничката влада е непотребна и само на власта ѝ одговара да ја релативизира одговорноста за катастрофалните состојби во државата, колапсот на институциите и секојдневниот грабеж на народот. Инаку, со актуелниот состав на Владата, прекршен е Охридскиот рамковен договор и Уставот на Македонија, за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници и со технички премиер од редовите на ДУИ, дополнително ќе се наруши етничкиот баланс, што ќе се рефлектира и на меѓуетничките односи. Мој предлог е оваа Влада, во овој состав, до продолжи со работа до парламентарните избори, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button