ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Трајко Славески е кандидатот на претседателката за гувернер на Народната банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка, информираат од кабинетот на претседателката.
„При донесувањето на одлуката, претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, се наведува во соопштението.
Од Собранието вечерва потврдија дека предлогот за гувернер на Народната банка е доставен до пријавница и како што посочуваат оттаму, пликот ќе се отвори утре наутро кога ќе почне со работа собраниската архива.