ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Трајко Славески избран за гувернер на НБРМ

Универзитетскиот професор Трајко Славески е шестиот гувернер на Народната банка на Македонија. Парламентарното мнозинсто со 68 гласови „за“ и 16 „против“ го верификуваше неговиот седумгодишен мандат.

Advertisements

Пратениците не ја оспоруваа стручноста на Славески, но опозицијата реагираше на неговите ставови и на поврзаноста со ВМРО-ДПМНЕ. Како што нагласија, тоа може да се одрази, односно да ја загрози независноста на Народната банка.

Славески на оваа  функција преминува од претседателското столче во Советот на Град Скопје, каде што влезе по изборите во 2021 година како носител на советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Професор е на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и самиот ги минал сите образовни нивоа – додипломски студии (1983), магистртура (1988) и докторат (1997). Во меѓувреме бил на пост-дипломски студии на Калифорнискиот државен Универзитет во Чико, САД (1986/87) и на Универзитетот Харвард (1989/90).

Славески бил визитинг професор на државниот Универзитет во Аризона во 1997 година. Во периодот 1999-2006 година предавал на последипломскиот студиум South Easteren European Studies на Националниот и каподистриски Универзитет во Атина, Грција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button