Трајко Вељановски има КОВИД, одложено рочиште

Поранешниот шеф на тајната полиција Владимир Атанасовски без полиција дојде во скопскиот Апелационен суд на јавна седница за случајот „Организатори на 27 април“. Тој од вчера е на слобода со одлука на судот за укинат домашен притвор. Според инфомации на Алсат, Атанасовски гарантирал со околу 800.000 евра дека нема да избега од државата. Но, јавната седница за организаторите на крвавиот упад во Парламентот во 2017 година се одложи. Причина за ова беше отсуството на поранешниот спикер, Трајко Вељановски кој бил позитивен на корона вирусот. Апелација за два месеца од сега закажа нова седница на која би се изнеле жалбите на првостепено осудените. Тоа е само еден ден пред судската ферија кога судиите почнуваат да користат годишни одмори.
Седницата во Апелација би се одржала на една година откако лани на 26 јули скопскиот Кривичен суд пресуди вкупно 25 години за органзаторите за крвавиот четврток.
Тогаш, Обвинителството излезе со став дека казните што ги изрече Кривичен за кривичното дело – терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, се ниски и најави жалба. Во Апелација ќе се одлучува и по жалба и на обвинетите кои сметаат дека нема вина кај нив. Покрај Атанасовски и Вељановски, обвинети како организатори се и екс-министрите во Владата на Груевски, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски.
Според Обвинителството, главаен нарачател на собранискиот упад е екс премиерот Никола Груевски, но против него и поритив поранешниот оперативец на УБК Никола Бошковски не се бараше судење бидјеќи се во бегство и ти до ден – денеска имаат статус на осомничени. На 27 април обвинетите организирале непречено влегување на демонстрантите во законодавниот дом, Јанакиески и Ристовски го мобилизирале партиското членство, а Груевски од Виена дал наредба да се упадне во Собранието. Груевски го негираше сето ова.
Пресуди на Кривичниот суд:
Трајко Вељановски 6 години и 6 месеци затвор
Миле Јанакиески 6 години и 3 месеци затвор
Спиро Ристовски 6 години и 3 месеци затвор
Владимир Атанасовски 6 години затвор
Игор Стефановски