МАКЕДОНИЈА

Трајковска: Економските показатели далеку од потребното за добар економски прогрес

Од осамостојувањето до денес, бруто домашниот производ е зголемен за 1,7% проценти просечно годишно, што е далеку од потребното за да може државава да има економски прогрес, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, потпретседателката на Стопанската комора, Анета Трајковска. Како што додава таа, тоа не се единствените бројки што го загрижува бизнис секторот.

Advertisements

„Она што загрижува е податок којшто го забележав минатите недели, дека ДДВ-то што се наплаќа, во првите два месеца забележува пад од 6,3%, во услови кога имаме раст на цените, споредено со истиот период минатата година. Тоа значи дека помалку трошиме и дека нашата економија создава помала додадена вредност во однос на претходно. Ваков податок јас немам забележано минатата деценија, дека кај ДДВ-то се јавуваат одредени негативни показатели… треба сериозно да се испита која е причината“, вели Трајковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button