СПОРТФУДБАЛ

Трајковски: Хрватска е голема репрезентација и одличен тест за нас

Еден од фудбалерите со најдолг стаж во македонската фудбалска репрезентација Александар Трајковски се приклучи на подготовките на националниот тим пред поријателските дуели против Хрватска и Чешка. Со оглед на тоа што игра во хрватското првенство, во дресот на Хајдук, 31-годишниот напаѓач добро ги познава фудбалерите на нашиот прв ривал и од него се очекува многу на двата меча.

„Хрватска е голема репрезентација и одличен тест за нас. Како и во минатото и сега треба да покажеме дека можеме да се носиме со вакви силни репрезентации. Но, исто така, ова ќе биде добра контрола и за Хрватска која се подготвува за Европско првенство и мислам дека ќе биде добар натпревар. Искрено и јас и сите во нашата репрезентација веруваме во добар резултат. Ќе се обидеме и ќе го дадеме максимумот за да го постигнеме тоа. Едноставно да покажеме какви се нашите идеи и за натпреварите во септември во Лига на нации“, изјави Трајковски.

Натпреварот меѓу Хрватска и Македонија се игра в понеделник (3 јуни) во Риека.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button