СПОРТ

Трајковски и Ивановски на Европското Првенство во атлетика во Рим

Андреас Трајковски избори учество во скок во далечина на Европското првенство во атлетика кое од 7 до 12 јуни ќе се одржи во Рим, Италија. Андреас се најде на 25-то место на ранг листата “Road to Rome” во скок во далечина, со што преку остварен ранкинг (првите 30 од оваа листа се квалификуваат за првенството) обезбеди учество на ова Европско првенство.

Претходно Дарио Ивановски со остварена норма избори учество во полумаратон, така да на ова првенство Македонија ќе има двајца представници со исполнети критериуми за учество, што представува историски успех за македонската атлетика.

Андреас ќе настапи во квалификациите во скок во далечина на 7 јуни (во 12.55 часот) и доколку ги помине квалификациите. Ивановски својот настап во полумаратонската трка ќе го има на 9 јуни со почеток во 9.00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button