
Државата Мејн го отстрани поранешниот претседател Доналд Трамп од гласачкото ливче на прелиминарните избори во 2024 година. Мејн е втората држава што забрани поранешниот претседател да биде во прелиминарната трка. Причината за ваквата одлука е улогата на Трамп во нападот што неговите поддржувачи го извршија на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година. Од истата причина, во текот на овој месец и Врховниот суд во Колорадо донесе одлука со која го отстрани Трамп од гласачкото ливче на републиканските прелиминарни избори во државата на 5 март.
Кампањата на Трамп соопшти дека брзо ќе поднесе приговор за оваа одлука, а неговите адвокати оспоруваат дека тој учествувал во немири.
„Демократите во сините држави непромислено и неуставно ги суспендираат граѓанските права на американските гласачи со обидот накратко да го отстранат името на претседателот Трамп од гласачкото ливче“, вели портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг.