Трамп ги суспендираше царините на 90 дена

По серијата агресивни тарифни удари на претседателот Трамп кон повеќето земји, тој попушти. Тие од вчера се ставени во 90 дневна пауза, откако оваа одлука стапи на сила. Претседателката на европската комисија Урсула фон дер Лајен, на социјалната мрежа „Х“ напиша дека и Европската Унија ги ставаат во мирување одмаздувачките тарифи кон САД.
„Ја забележавме најавата на претседателот Трамп. Сакаме да им дадеме шанса на преговорите. Додека го финализираме усвојувањето на контрамерките на ЕУ кои добија силна поддршка од нашите земји-членки, ќе ги ставиме во мирување 90 дена. Ако преговорите не бидат задоволителни, нашите контрамерки ќе започнат. Подготвителната работа за понатамошни контрамерки продолжува. Како што кажав и претходно, сите опции остануваат на маса“, рече фон дер Лајен.
Одлука на Трамп за паузирање на царините доаѓа откако повќе од 75 земји побарале намалена реципрочна тарифа во текот на овој период, на 10 отсто.
Според Трамп, бидејќи Кина не покажала почит кон Соединетите Американски Држави, тој ја остави царината само кон Кина и ја зголеми давачката за кинескиот увоз на 125 отсто.
„Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон светските пазари, со ова ги зголемувам тарифите наметнати од Соединетите Држави за Кина на 125 отсто, кои веднаш ќе стапат во сила. Во некој момент, се надевам во блиска иднина, Кина ќе сфати дека деновите на ограбување на САД и другите земји веќе не се одржливи или прифатливи“, рече Трамп.
САД претходно ја зголемија царината за Кина на 104 отсто, по што Кина брзо одговори со објавување на царина од 84 отсто за увозот од САД. Тие денес и се потсмеваа со царините на Трамп: И капите МАГА се „Мејд ин Чајна“, поскапеа дупло, објави на социјалната мрежа „Х“- порпаролката на кинеското министерство за надворешни работи.
Урсула фон дер Лајен ја поздрави одлуката на Трамп за паузирање на царините, таа вели дека ова е важен чекор за стабилизирање на глобалната економија.
Ангел Димовски