
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека Дејвид Сакс ќе стане „Цар за вештачка интелигенција и криптовалути на Белата куќа“.
Трамп на неговата платформа Truth Social ги нарече вештачката интелигенција (ВИ) и криптовалутите „две области клучни за иднината на американската конкурентност“.
“Сакс, кој е човек од доверба на милијардерот Илон Маск, ќе биде задолжен САД да станат јасен лидер на светскиот пазар во бизнисот со вештачка интелигенција и дигитални валути.
Сакс, исто така, ќе биде задолжен за создавање правна рамка за крипто-индустријата за „да ја има јасноста што ја бара и да може да напредува во САД“.