
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го отфрли предлогот на ЕУ за укинување на меѓусебните царини за индустриски стоки. На прашањето дали соодветниот предлог од претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен е доволен за него, Трамп на новинарите им рече: „Не, не е“.
Наместо тоа, американскиот претседател предложи земјите од ЕУ да увезуваат значително повеќе енергија од САД.
Тој ја повтори и својата критика за она што, според него, се нефер трговски односи меѓу САД и земјите од ЕУ. „Европската унија се однесуваше со нас многу, многу лошо“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи: „Тие не ги купуваат нашите автомобили (…), тие не ги купуваат нашите земјоделски производи. Тие практично ништо не купуваат од нас“.
Извор: Дојче Веле