

Алсат
03.09.2020 09:59
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша меморандум со кој се запира финансирањето на градовите од федералниот буџет, кои според мислењето на федералните власти недоволнo се борат против немирите.
„Мојата администрација нема да дозволи федерални даночни долари за финансирање на градови кои доброволно се деградираа во беззаконски зони“, се вели во документот.
Познато е дека овие мерки ќе влијаат на Сиетл, Портланд, Њујорк и Вашингтон. Целосниот список на „зони на анархија“ треба да го објави државниот обвинител. Белата куќа ќе треба да одлучи за две недели како министрите ќе доставуваат извештаи за финансирање на градовите, а за еден месец ќе треба да размисли за механизмот за лишување од финансиска помош.