Tрамп ја одложи примената на царините кон ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека се согласил да го одложи воведувањето на 50-процентни царини на увозот од Европската унија до 9 јули, што е најновото во низата случаи во кои тој најави строги мерки што ги потресоа пазарите – само за тие да бидат повлечени или одложени.
Трамп рече дека имал „многу убав разговор“ со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што резултирал со договор за одложување.
„Таа рече дека сака сериозни преговори“, им рече Трамп на новинарите во Мористаун, Њу Џерси.
„9 јули е датумот што таа го предложи. Таа праша дали можеме да го поместиме од 1 јуни на 9 јули. Јас се согласив.“
Тој додаде дека фон дер Лајен му рекла дека наскоро ќе се сретнат за да се обидат да постигнат конечен договор.