ВЕСТИСВЕТ

Трамп ја поддржа осудената Марин Ле Пен

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја поддржа француската екстремно десничарска политичарка Марин Ле Пен, која во понеделникот беше осудена на четири години затвор за проневера на средства од Европскиот парламент, а и беше забрането да се кандидира за избори во следните пет години.

Advertisements

Во објава на Truth Social, Трамп рече дека случајот за проневера за кој Ле Пен беше прогласена за виновна, му изгледа како „сметководствена грешка“, објави денеска порталот Политико.

Според Трамп, „ловот на вештерки“ против Марин Ле Пен е уште еден пример за европските левичари што „ја замолчуваат слободата на говорот и го цензурираат својот политички противник, овојпат одејќи дотаму што тој противник го ставаат во затвор“.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button