СВЕТ

Трамп ја прекина суспензијата на споделување разузнавачки информации со Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја прекинал суспензијата на размената на разузнавачки информации со Украина и дека очекува добри резултати од претстојните разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија.

Advertisements

„Само што ставивме крај на суспензијата на размената на разузнавачки информации со Украина“, им рече Трамп на новинарите во Ер Форс 1, пренесе Ројтерс.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф минатата среда изјави дека САД го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Украина, потсетува Ројтерс, додавајќи дека тоа извршило притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со Трамп кога станува збор за мировните преговори со Русија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button