ВЕСТИСВЕТ

Трамп нареди да се објават илјадници класифицирани документи за атентатот на Џон Кенеди

Новиот американски претседател Доналд Трамп донесе наредба со која се налага да се направи план за објавување на илјадници доверливи владини документи за атентатот на Џон Ф. Кенеди во 1963 година, настан што со децении поттикнува различни теории на заговор, јавуваат светските медиуми.

Извршната наредба што претседателот ја потпиша вчера, исто така, налага да се декласифицираат и преостанатите записи на федералната влада поврзани со атентатите на Роберт Кенеди и свештеникот Мартин Лутер Кинг, еден од главните предводници во борбата за права на афроамериканците во САД во 1960-те години во САД.

Advertisements

„Повеќе од 50 години по атентатите на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Кенеди и свештеникот д-р Мартин Лутер Кинг-Џуниор, федералната влада не ги објави во јавноста сите свои записи поврзани со тие настани. Нивните семејства и американскиот народ заслужуваат транспарентност и вистина. Во национален интерес е конечно да се објават сите записи поврзани со овие атентати без одлагање“, се вели во наредбата на Трамп, пренесува „Гардијан“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button