ВЕСТИСВЕТ

Трамп нуди „златна карта“ од 5 милиони долари како пат до американско државјанство

Американскиот претседател Доналд Трамп ја претстави идејата за нова програма за визи и таканаречената „златна картичка“ што може да се купи за пет милиони долари како пат до американско државјанство.

Advertisements

Трамп рече дека ќе ја замени програмата за имигрантски инвеститорски визи „EB-5“ со таканаречена „златна картичка“ со која им овозможува на странските инвеститори на големи суми пари што создаваат или зачувуваат работни места во САД да станат постојани жители.

„Ќе продадеме златна карта. Ќе ставиме цена на таа картичка од околу 5 милиони долари. Ќе даде привилегии за зелената карта плус и тоа ќе биде пат до американско државјанство, а богатите луѓе ќе доаѓаат во нашата земја со купување на оваа картичка“, вели Трамп, пишува Ројтерс.

Според него, деталите за програмата ќе бидат објавени за две недели.

На новинарско прашање дали е можно и руските олигарси да се квалификуваат за златните картички и дали тие луѓе ќе ги исполнуваат условите, Трамп во одговорот вели дека тоа е веројатно и оти познава „руски олигарси кои се многу убави луѓе“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button