ВЕСТИСВЕТ

Трамп очекува Бајден да остане во претседателската трка

Поранешниот претседател и републикански кандидат за иден шеф на САД Доналд Трамп денеска изјави дека очекува актуелниот американскиот претседател Џо Бајден да остане во претседателската трка и покрај повиците на Демократската партија да се повлече и да го замени со помлад кандидат.

Advertisements

Трамп оцени дека Бајден нема да се повлече токму како што рече поради неговото его.

„Тие (демократите) го покриваат Бајден, но станува сѐ потешко и потешко да се прави тоа. Тој сè уште е во трка поради неговото его и не сака да се откаже“, рече Трамп.

Трамп, исто така, процени дека доколку Бајден се повлече, на негово место ќе дојде потпретседателката на САД Камала Харис.

Според него, демократите не можат да го отстранат Бајден доколку тој самиот не го направи тоа. Посочи и дека не можат да се повикаат на 25-тиот амандман на Уставот, според кој, потпретседателот и мнозинството од кабинетот на претседателот можат да гласаат дека тој е неспособен да служи, со што би се назначил потпретседателот за вршител на должноста претседател.

Повиците Бајден да се повлече од претседателската трка следеа по неговите лоши перформанси во дебатата со Трамп на 27 јуни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button