
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за започнување на процесот за повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО).
„Ооо, ова е голема работа“, рече новоименуваниот американски претседател додека го одобруваше документот по пристигнувањето назад во Белата куќа, пишуваат странските медиуми, пренесува CNN.
Ова беше една од десетиците извршни дејствија што ги потпиша на неговиот прв ден на функцијата.