ВЕСТИСВЕТ

Трамп повторно на телефонска линија со Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале телефонски во неделата вечерта, по вербалната расправија меѓу украинскиот лидер Володимир Зеленски, Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во петокот, дознава унгарскиот портал Индекс, повикувајќи се на извори од американската амбасада.

Advertisements

Како што е соопштено, деталите за содржината на телефонскиот разговор сè уште не се објавени, но може да се претпостави дека двајцата лидери разговарале и за украинско-руската војна, бидејќи разговорот се случил набргу по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски во Овалната соба на 28 февруари, што доведе до непотпишување на планираниот договор за метали од ретки земји.

По претседателските избори во САД, Трамп беше меѓу првите што телефонски разговараше со унгарскиот премиер, со кој има исклучителен однос, што постојано го споменуваше во неговите говори за време на неговата кампања, пишува Index.hu.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button