ВЕСТИСВЕТ

Трамп: Сакам фер договори со сите

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека одлуката за паузирање на високите т.н. реципрочни царини на 90 дена кон повеќето земји, освен за Кина, ја донел утрово (според амерканско време) по состанокот со министерот за трговија, Хауард Лутник и министерот за финансии Скот Бесет, пренесе Си-ен-ен.

Advertisements

Трамп пред неколку часа преку објава на неговата социјална мрежа Трут соушл (Truth Social) најави зголемување на царините за Кина од 125 отсто, додека за другите земји ги замрзна на 10 проценти на 90 дена, оставајќи простор за преговори.

„Би рекол утрово, во последните неколку дена, размислував за тоа. Имав разговори со Скот, со Хауард, со некои други луѓе кои се многу професионални. И мислам дека веројатно сето тоа се сложи рано утрово, прилично рано утрово, и тоа го напишав“, рече денеска Трамп за време на медиумски настан во Белата куќа.

Она што го напишал вели дека ќе влијае позитивно на светот и за САД, бидејќи, како што додаде не сакаат да им наштетат на земјите кои сакаат да преговараат.

„Тоа беше напишано од срце. И мислам дека беше добро напишано. Напишано е како нешто што мислам дека е многу позитивно за светот и за нас. Не сакаме да им наштетиме на земјите кои не треба да бидат повредени и сите тие кои сакаат да преговараат“, додаде тој.

Сепак, одговарајќи на прашање, тој избегна да каже дали состојбата на берзите на крајот било тоа што го поттикнало да ги замрзне тафирите за три месеци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button