СВЕТ

Трамп со голема предност на изборите во Њу Хемпшир, покажуваат анкетите

Трамп со голема предност на изборите во Њу Хемпшир, покажуваат анкетите

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има голема предност на внатрепартиските избори во Њу Хемпшир во однос на поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, покажа истражувањето на „Вашингтон пост“ и на Универзитетот „Монмаут“.

Advertisements

Според извештаите, Трамп е поддржан од 52 отсто од гласачите, а Хејли ја поддржуваат 34 отсто од републиканците.

Анкетата беше спроведена од 16 до 20 јануари.

Внатрешните партиски избори во Њу Хемпшир се закажани за утре.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button