СВЕТ
Трамп тврди дека е постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија за царините

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија, што вчера се одржаа во Вашингтон.
Според извештаите на светските агенции, Трамп направил неочекуван потег со тоа што лично се појавил на средбата меѓу американската и јапонската делегација, а за ова тој потоа извести и преку објава на неговата социјална мрежа Трут соушл (Truth Social).
Имено, јапонската делегација, предводена од Риосеи Аказава, министер за економска ревитализација на земјата, во Вашингтон требаше да се сретне само со американскиот секретар за финансии Скот Бесент и со претставникот за трговија Џејмисен Грир, но на состанокот ненајавено се приклучил и претседателот Трамп.