

Алсат
02.09.2020 09:37
Претседателот на САД Доналд Трамп го посети градот Кеноша во Висконсин, за да ги поддржи органите на прогонот по немирите што избувнаа откако полицајци застрелаа рз Афроамериканец. Трамп ја искористи својата посета на градот на 1 септември за да ја зајакне својата порака за „закон и ред“ и да ги критикува демократите, бидејќи неколкунеделните немири околу расната нееднаквост и полицијата ја поларизираа земјата пред изборите во ноември.
Протестите во Кеноша прераснаа во насилства откако полицијата на 23 август седум пати пукаше врз Џејкоб Блејк за време на расправија додека бил приведуван за време на домашен спор. Семејството на Блејк вели дека тој сега е парализиран од половината надолу.