ВЕСТИСВЕТ

Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вчеравечер потпиша извршна наредба за воведување царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони произведени надвор од Соединетите американски држава (САД), пренесува Би-би-си.

Advertisements

Според него, оваа регулатива стапува на сила на 2 април, а наплатата ќе почне ден потоа.

На прес-конференција прашан дали постои можност да ја промени својата одлука, Трамп кратко одговори негативно.

„Ова е трајно. Но, ако го произведувате вашиот автомобил во САД, нема тарифи“, рече тој.

Трамп смета дека мерката ќе доведе до огромен раст во автомобилската индустрија, ветувајќи дека ќе го поттикне создавањето нови работни места и инвестиции во САД.

Регулативата ќе се применува на готови автомобили и камиони кои се испорачуваат во САД, вклучувајќи ги и американските марки чии автомобили се склопуваат во странство.

Според американскиот претседател, речиси половина од сите возила што се продаваат во САД се увезени.

„Ова е почеток на ослободувањето во Америка“, им кажа Трамп на новинарите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button