
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, пренесоа американските медиуми.
Трамп го предупредил украинскиот лидер дека ќе се соочи со големи проблеми доколку го стори тоа, наведува USA News.
„Тој се обидува да се повлече од договорот за ретките земји. Но, ако го направи тоа, ќе има проблеми, големи, големи проблеми“, им рече Трамп на новинарите.