
Лука Дончиќ, ноќва е трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс. Иако се очекува да се официјализира договорот, Дончиќ по неполни седум години ќе го напушти Далас и ќе се пресели во еден од најпопуларните клубови во НБА лигата.
Во замена, Далас ќе ги добие Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот пик на драфтот во 2029 година. Во овој голем тринасочен договор учествува и Јута. Овој спектакуларен трансфер ја менува динамиката на НБА лигата, бидејќи Дончиќ, еден од најдобрите играчи во лигата, им се приклучува на Лејкерси, додека Дејвис заминува од Лос Анџелес во Далас, каде ќе формира страшен тандем со Кајри Ирвинг.
По овој трејд НБА лигата никогаш нема да биде иста, бидејќи веќе со сезони Дончиќ е заштитно лице на Маверикси, додека малкумина можеа да замислат дека препознатливиот тандем на „езерџиите“ Џејмс-Дејвис ќе се распадне.