ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите синдикати

Работниците немаат толку голем проблем со Владата, колку што имаат со останатите сидникати – истакна денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, по средбата во Владата која траше час и половина.

Advertisements

На средбата било дискутирано  за минималната плата, потребниот раст на сите останати плати и почитување на општиот колективен договор за јавниот сектор и потребата на зголемување на платите во јавниот сектор за 12,6 проценти.

Претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија истакна дека останатите синдикати кои биле присутни на средбата барале да се укине одредбата од општиот колективен договор во процесот на раст на платите на вработените во јавниот сектор.

„Тоа што е важно да се знае, во наредниот период проложуваме да разговараме за растот на платите и од страна на владата беше истакнато дека владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата, а се разбира и дека разговаравме и за зголемување на останатите плати во јавниот сектор. Во наредниот период по утврдување на репрезентативност, утре имаме комисија за утврдување на репрезентативноста која ќе ги гледа дополнително списоците на ссм  се надеваме дека целиот процес ќе заврши, тоа што е клучно е дека ќе биде свикана веднаш седницата на ЕСС на кои овие битни прашања ќе добијат одговор и ќе се донесе соодветна одлука“, рече Трендафилов.

Благоја Ралповски, вели дека барањата на ССМ за покачување на минималната плата се чист популизам, според него ако се покчи минималната плата на 500 евра покачување ќе добијат само 50 – 60 илјади работницим.

„Разговаравме за минималната плата и прашањето наше од страна на другите синдикати беше минималната плата доколку се покачи на 30 илјади денари ќе опфати само 70 до 80 илјади работници во државата од 700 илјади работници. Го прашавме претеседателот на владта дали се спреми на почитување на зкаонот, имаме закон за минимална плата, имаме колкетини договори на ниво на гранка, дали се спреми тоа сето тоа да го издржат, поради тоа што ние како што знаете во минатото и сега бараме почитување на законите и колективните договори“, рече Ралповски.

ССМ големиот работички протест ќе го одржи на први мај.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button