ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трет протестен марш на семејствата на загинатите во кочанската дискотека Пулс, под мотото Задоцнета реакција

Трет протестен марш на семејствата на загинатите во кочанската дискотека Пулс, под мотото Задоцнета реакција

Со транспаренти со натписи „Стоп за селективната правда“, „Корумпираниот систем ни ги уби децата“ и „Уште колку животи мора да се изгубат за да станете свесни, еден ден пред празникот Велигден, во Кочани, низ градот маршираа семејствата на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“.

Advertisements

Денешниот марш во Кочани, беше трет по ред организиран од семејствата на жртвите под мотото „Задоцнета реакција“ кој започна во 12:05 часот од Паркот на Револуцијата, а потоа се движеа пред Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и Обвинителството во Кочани.
Семејствата на жртвите го изразија своето незадоволство од задоцнетата реакција на институциите, за трагедијата во која животот го загубија 62 лица, а околу 200 други беа повредени.

Според семејствата на жртвите, по трагедијата не се преземени доволно мерки и процесот на отчетност се движи бавно, бидејќи бараат транспарентност од институциите.

Семејствата на жртвите најавија дека ќе излегуваат на улиците секоја сабота за да бараат правда. Од трагедијата во Кочани, бројот на жртвите се искачи на 62, а последен кој почина пред два дена беше 24-годишниот Стојанче Стефанов, кој се лекуваше во Воено-медицинската академија во Белград. Во моментов, 45 пациенти се лекуваат во странство, додека шест се лекуваат во земјата./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button