ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трета седница на работната група за реформи на изборното законодавство

Работната група за спроведување реформи во изборното законодавство денеска ќе ја одржи третата седница и ќе ја разгледува работната верзија од изборниот законик, најави Министерството за правда.  На седницата на работната група, што ќе се одржи во Клубот на пратениците, ќе присуствува и министерот за правда Кренар Лога.

Работна група за реформи во изборното законодавство беше конституирана  на крајот на април годинава, со задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да работи на нов изборен законик. Во нејзиниот состав има претставници од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Алтернатива, Левица и Демократски сојуз, додека ВМРО-ДПМНЕ не делегираше свој претставник.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button