ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Третата вакцина не помага за колективен имунитет, потребна е првата доза

Интересот на граѓаните за првата доза од вакцината на национално ниво е намален. Од друга страна, третата доза не помага да се постигне колективен имунитет. Во Куманово поради незаинтересираност за првата доза, затворен е регионалниот центар за вакцинација. Имунизацијата веќе еден месец се врши во Здравствениот дом каде дневно се ставаат од 300 до 500 дози.

Advertisements

Од Здравствениот дом велат дека има доволно резерви на вакцини од секаков вид, па дури имаат и за давање на другите пунктови како на пример во Липково, Крива Паланка и Кратово. Вработените во оваа институција велат дека го реорганизирале кадарот и распоредот за да одговораат на граѓаните.

„И покрај малиот простор и капацитет, работиме во две смени од 07-19 часот за да не се создаваат долги редици. Во моментов гледаме зголемен интерес за третата доза, позната како засилена доза на Фајзер.“

Повеќето граѓани кои примиле две дози пред 3-6 месеци, сега доаѓаат за третата, која сметаат дека ќе им користи и за патување во странство. Но, таа не се запишува во потврдата за вакцинација, па надлежните најдоа решение.

Ова е документ кој докажува дека пациентите ја земале третата доза Фајзер и имаат олеснувања додека патуваат во странство во случаи кога првата и втората доза биле примени од кинеските Синофарм или Синовак.

Според Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден низ државата биле ставени 5.532 вакцини. Од нив 666 први дози, 1.050 втори, а 3.816 трети дози. Досега само 35% од населението во земјава е вакцинирано.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button