ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Третиот бран на пандемијата го достигнува врвот

Земјава во моментов минува низ пикот на третиот бран на пандемијата. Ваква е проценката на лекарите кои работат секојдневно на терен со пациенти погодени од Ковид-19. Повеќето од нив велат дека зголемениот број на нови случаи успеале да го нормализираат, но во текот на следните 2 недели смртноста ќе биде висока. Микробиологот Никола Пановски предвидува дека во овој период ќе има околу 300 жртви, што е четвртина од пациентите кои во моментов во сериозна состојба се лекуваат во болниците. Според него, сега е доцна да се воведат ограничувачки мерки бидејќи тоа требало да се стори уште пред 2 недели.

Advertisements

Во меѓувреме, во координација со Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство соопшти дека нема да има нови ограничувачки мерки бидејќи сè уште има слободни болнички капацитет и оти имунизацијата на населението ќе даде ефекти.

„Според анализата на епидемиолозите, нема потреба да се препорачуваат нови ограничувачки мерки, односно тие не би дале резултати со оглед на фактот дека сме на крајот на активноста на респираторниот вирус, односно во 6-та недела од 8-те недели во третиот бран од пандемијата.“

Според дневните извештаи на Институтот за јавно здравје, досега починале над 3.700 пациенти, од кои 213 само во последните седум дена. Бројот на активни случаи се зголеми на 18 илјади. Вкупниот број на пациенти примени во болницата е 1.577 и во моментов има околу 260 слободни легла. Во Скопје се лекуваат 666 пациенти, повеќето од нив на кислородна терапија.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button